На Божествената Литургија присуствуваше Директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, г-ѓа Оливера Трајковска.
На 09 Март, кога Православната Црква торжествено ја празнува Неделата на Православието, на светата Архиерејска Литургија во Манастирот „Успение на Пресвета Богородица”, с. Маркова Сушица, началствуваше Преосвештениот Епископ стобиски г. Јаков, во сослужение на Преосвештениот Епископ дремвитски г. Давид и останатите свештенослужители.
На Божествената Литургија присуствуваше Директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, г-ѓа Оливера Трајковска.
Толкувајќи ги прочитаното неделно евангелско зачало и смислата на празникот, на верниот народ, со вдахновена беседа му се обрати Епископот г. Јаков.
На крајот од Литургијата Епископот г. Давид со пригодни зборови ја изрази благодарноста кон Епископот г. Јаков, како и кон Директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, г-ѓа Оливера Трајковска, која со своето молитвено присуство го зголеми торжеството на празникот.
Воедно, Епископот г. Давид се заблагодари на Игуманијата Кирана со сестринството и на сите присутни.
По завршувањето на Литургијата следеше послужување, како и одбрана уметничка програма.