КОВЗРГ и ЕЗРМ Ве покануваат на прикажувањето на театарската претстава „Момчето со пругасти пижами“ на 24.11.2023 година на големата сцена на Македонскиот народен театар со почеток во 20 часот.
Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ) во соработка со Еврејската заедница Ве покануваат на прикажувањето на театарската претстава „Момчето со пругасти пижами“ на 24.11.2023 година на големата сцена на Македонскиот народен театар со почеток во 20 часот.
Погледнете ја оваа впечатлива, емотивна и незаборавна приказна која вели: - „Сегашноста ретко му простува на минатото“.
Претставата е со времетраење од 70 минути.
Театарската претстава е во изведба на Летечката театарска трупа, а во режија на Владимир Јовановски. Покровител е Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи (КОВЗРГ) во соработка со Еврејската заедница во Македонија (ЕЗРМ).
Театарската претстава се прикажува во чест на 7144 македонски Евреи, во годината кога се одбележува 80 годишнината од нивната депортација во логорите на смртта од страна на фашистичкиот окупатор во време на Втората светска војна и 85 годишнината од Кристалната ноќ.
Жива слика за војната и нејзините ужаси низ призма на интензивен психолошки судир на архетипни карактери кај едно нацистичко семејство во окупирана Полска. Длабоко скриени брачни тајни испреплетени со расизам, љубов и ксенофобија. Театарската претстава „Момчето со пругасти пижами“ се обидува да застане на браникот на колективната меморија на човештвото пред тоа да умре од цивилизациска деменција. Приказна за идиличен почеток на трагичниот крај.
„Кармата е загарантирана, а сегашноста никогаш не му простува на минатото“.
{{#each Images}}
{{#if IsThumbNail}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#if ShowInGallery }}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}