На ден 12. 02. 2025 година се одржа Националниот форум: Религија и онлајн предизвици.
Во рамки на проектот "DELETE" кој е поддржан од Амбасадата на кралството Холандија, Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи во соработка со организацијата "Хоризон Цивитас" го реализираше Националниот форум "Религијата и онлајн предизвиците".
Воведни обраќања имаа: директорката на КОВЗРГ г - ѓа Оливера Трајковска, претседателот на "Хоризон Цивитас" г - дин Самет Шабани и координаторот на Национален комитет за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам г - дин Павле Трајанов.
Панелисти на јавната дебата беа: д - р Марјан Ѓуровски, д - Анета Јовковска, д - р Али Пајазити и д - р Сеат Џигал.
Свое учество на форумот зедоа претставници на верските заедници, професори на Православниот Богословски факултет и Факултетот за исламски науки, студенти од истоимените факултети и претставници на граѓанските организации. Настанот го модерираше Мерсиха Смаиловиќ.
На форумот се истакна придонесот на верските заедници и засегнатите страни, кои укажаа на девијантни феномени како екстремизам, и радикализам, како и говор на омраза. Учесниците работеа во три тематски групи (млади, безбедност, комуникација) координирани од страна на тимот на Комисијата, давајќи препораки на оваа тема.
Во рамки на проектот ќе бидат реализирани и дополнителни активности кои имаат за цел да дадат значаен придонес во борбата против насилен екстремизам и радикализам.
{{#each Images}}
{{#if IsThumbNail}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#if ShowInGallery }}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}