Традиционално и оваа година во рамки на манифестацијата „Македонија во чест на светиот Кирил“ беше отслужен Молебен во чест на светите рамноапостолни браќа Кирил и Методиј пред гробот на светиот Кирил во Рим
На 24. 05 .2024 година, денот кога ги прославуваме македонските и сесловенски просветители светите солунски браќа Кирил и Методиј, во базиликата „Св. Климент Папа Римски“ во Рим, каде што почиваат светите мошти на светиот Кирил Солунски, традиционално и оваа година во рамки на манифестацијата „Македонија во чест на светиот Кирил“ беше отслужен Молебен во чест на светите рамноапостолни браќа Кирил и Методиј, на којшто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Европски г. Пимен и на повеќе свештенослужители.
На Молебенот присуствуваше делегацијата предводена од Претседателката на Републиката, Н.Е. г-ѓа Гордана Силјаноска Давкова, како и многубројни гости. Дел од делегацијата беше и Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ) г. Даријан Сотировски.
По завршувањето на Молебенот, Митрополитот г. Тимотеј се обрати со пригодно слово.
Потоа македонската државно-црковна делегација ја посети и базиликата „Санта Марија Маџоре“, каде положи венец на спомен – плочата на македонски јазик во чест на делото на Светите браќа Кирил и Методиј.
{{#each Images}}
{{#if IsThumbNail}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#if ShowInGallery }}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}