Во храмот „Свети великомаченик Димитриј“ во Скопје денес достоинствено беше одбележана 40-годишнината од упокојувањето на блаженоупокоениот Архиепископ охридски и македонски г.г. Ангелариј, вториот поглавар на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија и една од најзначајните личности во поновата историја на МПЦ-ОА.
Во храмот „Свети великомаченик Димитриј“ во Скопје денес достоинствено беше одбележана 40-годишнината од упокојувањето на блаженоупокоениот Архиепископ охридски и македонски г.г. Ангелариј, вториот поглавар на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија и една од најзначајните личности во поновата историја на МПЦ-ОА.
На одбележувањето присуствуваа претседателката на Република Македонија, г-ѓа Гордана Сиљановска-Давкова, заменик-претседателот на Владата, г-дин Љупчо Димовски, министерот за култура и туризам, г-дин Зоран Љутков, директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, г-ѓа Оливера Трајковска, пратеникот Павле Арсовски, Бискупот монс.д-р Киро Стојанов, претставници на ИВЗ како и претставници на верските заедници, бројни граѓани и верници.
Настанот беше организиран од Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи во соработка со Македонската православна црква – Охридска архиепископија.во рамки на годишната програма за одбележување на јубилеи на Комисијата за култура и туризам при Собранието.
Со поменот чиноначалствуваше Неговото Блаженство, Архиепископот охридски и македонски и на Јустинијана Прима, г.г. Стефан, во сослужение на архиереите г. Иларион и г. Јосиф и свештенослужители на МПЦ-ОА.
Во своето обраќање, Архиепископот Стефан се осврна на животот, архипастирската служба и духовното наследство на Архиепископот Ангелариј, истакнувајќи го неговиот значаен придонес во развојот и афирмацијата на Македонската православна црква.
По завршувањето на поменот, делегациите положија свежо цвеќе пред вечното почивалиште на Архиепископот г. Ангелариј, оддавајќи почит кон неговото дело и трајниот белег што го остави во духовниот, црковниот и националниот живот на македонскиот народ.
Одбележувањето на овој значаен јубилеј претставува потсетник на животот и делото на Архиепископот г. Ангелариј, чие име останува трајно врежано во историјата на Македонската православна црква – Охридска архиепископија.