На 8 и 9 април 2025 година во Скопје се одржа конференцијата „Дијалог за единство и мир: Сеќавање на минатото, обликување на иднината“ во организација на Иванов школата за млади лидери.
На 8 и 9 април 2025 година во Скопје се одржа конференцијата „Дијалог за единство и мир: Сеќавање на минатото, обликување на иднината“ во организација на Иванов школата за млади лидери.
Конференцијата ја отвори организаторот на настанот, поранешниот претседател на Република Македонија, проф. д-р Ѓорге Иванов, а свои обраќања имаа и: г-дин Фанг Јун од Кинеската академија за општествени науки и академик Катица Ќулавкова.
На конференцијата присуствуваше и Директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, г-ѓа Оливера Трајковска.
Во текот на првиот работен ден на конференцијата се одржаа четири пленарни сесии.
На првата пленарна сесија со наслов: „8о години од Втората светска војна: памтејќи го минатото ја креираме иднината“ панелисти беа: проф. д-р Ѓорге Иванов (поранешен претседател на РМ 2009-2019), г-дин Иво Јосиповиќ (претседател на Р. Хрватска 2010-2015), г-дин Борис Тадиќ (Претседател на Р. Србија 2004-2012), г-дин Младен Иваниќ (претседател на претседателството на БиХ 2014-15, 2016-2017), г-дин Златко Лагунџија (постојан претставник на БиХ во Обединетите Нации, поранешен премиер и заменик премиер и поранешен министер за надворешни работи на БиХ), а модератор на сесијата беше г-дин Ивица Боцевски.
На втората пленарна сесија со наслов „Градење иднина на мир: Улогата на Алијанса на цивилизации при ОН во промовирање дијалог и глобално единство“ панелисти беа: г-дин Дарко Костадиновски (Претседател на Уставен суд), г-дин Халит Ерен (познат научник по исламска историја, уметност и култура), г-дин Шенер Билал (советник на македонскиот премиер за меѓуетнички односи), г-ѓа Рашела Миздрахи (претеник во Македонското собрание), проф. д-р Милан Ѓорѓевиќ (редовен професор на ПБФ), а модератор проф. д-р Иван Иванов.
На третата пленарна сесија се обрати Амбасадорот на Кралството Шпанија, Н.Е. Рафаел Сориано Ортиз, а пак четвртата пленарна сесија беше наменета за улогата на Кина во мултилатерализмот и голобалниот развој.
Во текот на вториот ден од конференцијата се одржа петтата пленарна сесија на тема „Дипломатија предводена од технологија“ по што следуваше младинска панел дискусија предводена од алумни на Школата Иванов.