На комеморацијата присуствуваше директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Оливера Трајковска, како и претставници на дипломатскиот кор, верници и граѓани.
Во просториите на Еврејската заедница во Република Македонија и синагогата „Бет Јаков“, на 14 октомври 2025 година се одржа комеморација по повод втората годишнина од масакрот на 7 октомври 2023 година кој се случи на музичкиот фестивал „Supernova / Nova“ (Nova Music Festival), во југозападниот дел на Израел, во пустината Негев, приближно 5 км од границата со Појасот Газа.
На комеморацијата присуствуваше директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Оливера Трајковска, како и претставници на дипломатскиот кор, верници и граѓани.
Настанот започна со читање на молитви за жртвите и преживеаните, предводени од гостинот од Нови Сад, Ладислав Тајер. Потоа, со пригоден говор се обрати претседателот на Еврејската заедница во Република Македонија, г. Пепо Леви.
Преку видео-пораки се обратија и амбасадорката на Државата Израел, со седиште во Ерусалим, НЕ Вивиен Аисен, како и претседателот на Државата Израел, НЕ Исак Херцог, кои изразија длабоко сочувство и благодарност за оддавањето почит на жртвите.
Во продолжение на програмата беше прикажан документарен филм со сведоштво на лице кое го преживеало нападот на 7 октомври 2023 година, чиј исказ остави длабок впечаток кај присутните.
Настанот беше одбележан во духот на сеќавањето, достоинството и солидарноста со жртвите и нивните семејства.