Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи
објавува Конкурс за избор на најдобар есеј на тема:
„РАЗЛИЧНОСТА КАКО ПРЕДУСЛОВ ЗА МИР“
Целта на конкурсот е да се поттикнат младите и верските заедници на промислување за тоа како верата, духовноста и културната различност можат да бидат основа за мирен соживот, почитување и меѓусебно разбирање.
Конкурсот е отворен за сите студенти и млади лица до 30 години. Есејот треба да биде напишан на македонски јазик, во Word формат, до три страници (A4 формат, фонт 12 – Times New Roman, со проред 1.5). Есејот треба да ги опфати следниве аспекти:
- како различната вера, традиција и култура можат да се доживуваат како богатство, а не како пречка;
- на кој начин верските заедници придонесуваат кон мир, солидарност и толеранција,
- личен став и инспиративен пример за мир преку верата и различноста.
Сите пристигнати трудови ќе бидат разгледувани и оценети од стручна жири-комисија, составена од претставници на високообразовни институции и од Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи. При оценувањето ќе се земаат во предвид оригиналноста, јасносна на изразот, стилот и усогласеноста со темата.
Во рамки на конкурсот ќе бидат доделени и соодветни награди согласно критериумите за учество во истиот, а избраните трудови ќе бидат објавени на официјалната веб-страница на Комисијата.
Дополнителни информации:
- Текстовите да се испраќаат на е-пошта: kovz@kovz.gov.mk со назнака „За конкурс за есеј“
- На почетокот од есејот потребно е да се наведе името и презимето на студентот, како и името на високообразовната институција од која доаѓа.
- Рок за поднесување: најдоцна до 01 декември 2025 година.
Ве молиме да ја споделите оваа објава со сите што сметате дека би биле заинтересирани.
Контакт електронска пошта од Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи: kovz@kovz.gov.mk
Директор
Оливера Трајковска