Директорот на КОВЗРГ г. Даријан Сотировски зеде учество во јавната дискусија во Кочани за Стратегијата за едно општество и интеркултурализам.
На ден 27. 05. 2019 година во Кочани се одржа јавна дебата за Стратегијата за едно општество и интеркултурализам.
Во дискусијата зедоа учество министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ), г. Даријан Сотировски, како и претставничката на Фондацијата Отворено општество Македонија, Славица Инџевска, како и претставници од граѓанскиот сектор, локалната самоуправа и медиуми.
Во своето обраќање, директорот на КОВЗРГ, г. Даријан Сотировски, ја искажа својата поддршка за креирањето на ваков документ, кој има за цел да ги надмине сите недостатоци и да воспостави еднаквост, признавање на сите различности и постигнување на општествена кохезија.
„Затоа што се градиме како демократија, европска вредност е да обезбедиме плурализам во постоењето на сите различни групи во општеството и тоа оваа Влада го крева на пиедестал, затоа што сметаме дека мултикултурализмот, кој што не зависи од нашата волја, реално пости“, истакна директорот на КОВЗРГ, г. Даријан Сотировски.