Синоќа во Градската уметничка галерија во Струмица беше отворена изложбата на фотографии ,,Во пресрет на рускиот цар, Романови - царско служење", во соработка на Елеуса Фондација и Сретенскиот манастир од Москва.

Меѓу пристутните гости беше и директорката на Комисијата за односи меѓу верските заедници и религиозни групи, Оливера Трајковска, која во своето обраќање зборуваше за ликот на Ана Фјодоровна Романова.
Изложбата е прикажана над 300 пати на повеќе места ширум светот: Русија, Европа, Австралија, Америка.
Поставката е составена од семејни фотографии, портрети од семејните албуми и милосрдната дејност на царското семејство.
Акцентот на вчерашната изложба која имаше хуманитарен карактер, беше ставен на моментот, Романови - маченици и светители, исповедници на верата.