На 7 мај се оствари историската посета на папата Франциск.
Почитувани граѓани, денеска беше историски ден за нашата држава.
Посетата на Папата Франциск и пораките кои тој ги кажа се вистинска поддршка и признавање на нашата држава пред светот.
За време на посетата тој оствари средби со државниот врв, средба со сиромашни граѓани, како и света литургија на која присуствуваа неколку илјади граѓани од земјата, од регионот и од повеќе европски земји.
По кратката пауза, Папата се обрати пред младите во Католичката катедрала во Скопје, велејќи дека добива голема надеж од тоа што ги гледа младите, како ги отстрануваат претходно залепените етикети и не ги поднесуваат повеќе поделбите од минатото и сегашноста и одат над тоа.
„Културното богатство е само огледало на вашето најценето и најважно наследство: мултиетничкиот и мултирелигискиот состав на ликот на вашиот народ, плод на богатата историја и комплексните односи низ минатите години“, порача Папата Франциск на својата посета на државата.
Папата Франциск и бројната делегација на Католичката Црква и на Ватикан, ја завршија посетата во доцните попладневни часови, а на Интернационалниот аеродром Скопје беа испратени од Претседателот, Иванов и Претседателот на Владата.
Се надеваме дека граѓаните на нашата држава повторно ќе се сретнат со Папата Франциск, наскоро.
Погледнете ја галеријата од денешната посета: flic.kr/s/aHskR5ntVT.