Директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ), г-ѓа Оливера Трајковска на ден 13 јули 2025 година, во храмот "Света Софија" во Охрид, присуствуваше на свечениот чин на хиротонија и интронизација на новиот Митрополит дебарско-кичевски г. Георгиј (Ѓорѓевски).

Чудни се патиштата Господови...
Во прегратките на Црквата има место за сите нас, бидејќи таму Бог сите со милост не прегрнува.
На 13 јули, кога Црквата го слави споменот на 12 апостоли, во прегратките на Дебарско - кичевската епархија а во домот на "Света Софија" , Бог на верниот народ му го подари новиот митрополит г.Георгиј.
Кроток и со ум Божји, со ревносна вера која молчешкум ја исповеда, новиот владика епархијата ќе ја раководи и на своето стадо милост ќе му подари.
Благословен е оној кој доаѓа во името Господово....
Му благодариме на Бога, бидејќи не удостои на овој свет ден да бидеме дел од радостта и преку Светата Литургија заеднички на Бога да му принесеме молитва.
На многаја лета владико!
Долгоденствувај и народот свој го укрепувај!