Говор на Реисул Улема х. хфз. Шаќир, еф. Фетаи на формирањето на „Групата на пријателство“ помеѓу МПЦ-ОА и ИВЗ
Почитуван претседателе на Комисијата, м-р Дариjан Сотироски,
Почитуван господин господин Стефан, Поглавар на Македонска Православна црква - Охридска Архиепископија
Почитуван Декан на Православниот богословски факултет, проф. д-р Ѓоко Ѓорѓевски
Почитувани продекан на Факултетот за исламски науки, проф. д-р Муаз Агуши.
Почитувани студенти од двата факултета,
Најпрвин дозволете ми, да на организаторот на оваа средба му изразам најдлабока благодарност за организирањето на оваа средба на која се формира на група на пријателство меѓу младите теолози од Исламска верска заедница на РСМ и Македонска Православна црква - Охридска Архиепископија. Со формирање на група на пријателство, младите идни кадри од двете верски заедници ќе добијат простор и можност за меѓусебно запознавање, за размена на мислење по различни прашања со цел за зајакнување на меѓучовечките односи, односно меѓучовечките релации.
Како ИВЗ го прифаќаме овој проект, и од аспект на куранските учења, каде што нашиот заеднички Творец, Возвишениот Бог вели:
„О луѓе, Ние ве создадовме, навистина, од еден маж и од една жена и Ние одредивме да бидете народи и племиња за да се запознавате меѓусебе. Најблагородниот кај Бог, секако е најбогобајазливиот. Бог, навистина е Зналец и Известен!„
Со овој цитат Творецот на Вселената им се обраќа на луѓето воопшто, и им вели дека сите потекнуваат од исти родители, Адeм и Хaва, односно од Адам и Ева. А нашата должност како луѓе, е да се дружиме, да се спријателиме и да се запознаваме меѓусебе. А по тоа Бог ни вели дека кај Него најдобар човек е оној кој е најпобожен.
Длабоко веруваме дека групата на пријателство, која ќе се формира на секоја календарска година, од наша страна, секогаш ќе ги земаат предвид божествените изреки кои нè упатуваат да се сакаме едни со други, кои нè упатуваат дека човекот треба да му чини добро на човекот без оглед на разликите што Бог ги создал.
Ако ги погледниме досегашните меѓучовечките релации во ова поднебје, ќе забележиме дека граѓаните во нашата земја живеале заедно со векови и секогаш кога било потребно си помагале, без разлика на етничката или вероисповест. Имаме многу случаи, каде што во заедничките населби, муслиманските верници дале свој придонес во изградбата на Црквата, и обратно, православните верници помагале во изградбата на џамии. Исто така во тие средини заедно ги славеле и верските празници.
Оваа верска хармонија во нашата земја е заедничка вредност, која мораме да ја негуваме и развиваме, особено кај младата генерација.
Затоа, уште еднаш истакнуваме дека Исламската верска заедница не само што го поддржува овој проект, туку ќе биде подготвена да помогне во неговата реализација, така како ќе се договориме ние, како две верски заедници.
Ви благодарам.