Директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, г-ѓа Оливера Трајковска, на ден 16.09.2026 година присуствуваше на свеченото одбележување на Европскиот ден на еврејската култура, кој оваа година се одржа под инспиративната тема „Љубов“.
Секоја година, еврејските заедници ширум Европа го одбележуваат Европскиот ден на еврејската култура преку заедничка тема, со цел да го доближат богатството на еврејското културно и духовно наследство до пошироката јавност.
Еврејската заедница во Република Македонија е дел од оваа европска мрежа и традиционално се вклучува во одбележувањето, преку годинешната тема „Љубов“. Темата беше повод за разговор и размислување за оваа универзална човечка вредност.
Во рамки на вчерашното одбележувањe предавање одржа професор д-р Елиезер Папо, кој пред присутните се осврна на годинешната тема.
Настанот, во организација на Еврејската заедница, беше прекрасна можност за истакнување на богатата еврејска култура и традиција, како и на вредностите на меѓусебното почитување, разбирање и дијалог.
{{#each Images}}
{{#if IsThumbNail}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#if ShowInGallery }}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}