ИКОМОС Македонија успешно го заврши проектот ,,Мониторинг на православното културно наследство", кој темелно во оваа фаза од врвните стручни тимови ширум државата детално скенираше, анализираше и документираше 707 македонски цркви и манастири.
Наодите и препораките мора да бидат на листата на приоритети на институциите и имателите на ова наше вредно културно добро.
На 30.5.2024 година, Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ), г-дин Даријан Сотировски учествуваше на конференција организирана од Националниот комитет на Меѓународниот совет за споменици и локалитети Македонија, ИКОМОС, организирана по повод успешното реализирање на проектот ,,Мониторинг на православото културно наследство”, кого што ИКОМОС го спроведе во партнерство со Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, а со финансиска поткрепа на Одделот за култура на Стејт Департментот на Соединетите Американски Држави.
Во овој исклучителен проект е извршен мониторинг и проценка на состојбата на зачуваност, конзервација и заштита на 707 храмови и манастири коишто претставуваат дел од недвижното православно културно наследство на Македонија.
Проектот е достапен на следнава интернет адреса:
http://monitoring.icomos.org.mk
{{#each Images}}
{{#if IsThumbNail}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#if ShowInGallery }}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}