На покана на Македонската црковна општина „Св. Петка“ од Осло, Норвешка, директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, г-ѓа Оливера Трајковска, присуствуваше на чествувањето на нивната годишна слава.
На покана на Македонската црковна општина „Св. Петка“ од Осло, Норвешка, директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, г-ѓа Оливера Трајковска, присуствуваше на чествувањето на нивната годишна слава.
Оваа година беа одбележани три години од основањето на заедницата, која и покрај релативно краткиот период на постоење, е многубројна и силна заедница на македонски иселеници.
Црковната заедница е дел од Собранието на црковни општини на Европската епархија, раководена со благослов на Митрополитот Европски г. Пимен.
Во рамки на овогодинешното чествување на споменот на преподобна Св. Петка, беше одржана трибина насловена како „Духовно Слово“ на која говореше Неговото Високопреосвештенство, митрополитот Европски г. Пимен.
Беше отслужена служба со која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство г. Пимен, во сослужение на протојереј Блажо Кожарски од црковната општина од Шведска.
На службата присуствуваа: македонскиот амбасадор Н.Е. Дритон Куќи, хрватската амбасадорка Н.Е. Андреа Густовиќ-Ерцеговаќ, претседателот на Шведската црква во Норвешка Андерс Сундгрен, заменик-директорот на Норвешкиот црковен совет г. Штајн Вилумстад, директорот на Агенцијата за иселеништво, како и голем број претставници на Македонската црковна заедница.
Македонската црковна заедница „Св. Петка“ од Осло е светол пример, чувар на македонскиот дух, столб на православната вера и промотор на македонската култура, јазик и традиција.
Директорката изрази огромна благодарност до: претседателот на здружението Aleksandar Nikolovski, Vladimir Dimitrieski, Dalibor Jovanovski и Katerina Tudzarovska Nastevska, како и до сите останати претставници на заедницата, за беспрекорната организација и топлото гостопримство.
Boost this post to get more reach for Комисија за односи со верските заедници и религиозни групи.
Сѐ уште нема коментари
Биди прв/-а што ќе коментира.
{{#each Images}}
{{#if IsThumbNail}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#if ShowInGallery }}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}