На 5 ноември 2026 година, директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, г-ѓа Оливера Трајковска, присуствуваше на Литургијата на Светиот апостол Јаков, брат Господов, која се одржа во манастирот „Покров на Пресвета Богородица и Свети Леонтиј Ерусалимски и Струмички“ во Водоча, по повод празнувањето на споменот на Светиот апостол Јаков.
На 5 ноември 2026 година, директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, г-ѓа Оливера Трајковска, присуствуваше на Литургијата на Светиот апостол Јаков, брат Господов, која се одржа во манастирот „Покров на Пресвета Богородица и Свети Леонтиј Ерусалимски и Струмички“ во Водоча, по повод празнувањето на споменот на Светиот апостол Јаков.
Со Литургијата чиноначалствуваше викарниот Епископ Стобиски г. Јаков, во сослужение со свештенослужители од Македонската, Српската и Романската православна црква, во присуство на Митрополитот Крушевско-демирхисарски г. Јован. На богослужбата присуствуваа и градоначалникот на Општина Струмица, г. Петар Јанков, градоначалникот на Општина Ново Село, г. Ѓорге Божинов, пратеникот г. Петар Марков, претставници на јавниот и политичкиот живот и многуброен верен народ.
Особена свеченост на богослужбата ѝ дадоа реномираните византиски хорови „Висарион“ од Романија, „Свети Јован Дамаскин“ од Србија, „Тесалоникис Имноди“ од Грција и „Хармосини“ од Македонија, кои ги исполнија литургиските химни. Литургијата на Светиот апостол Јаков претставува една од најстарите христијански литургиски традиции, со корени во првите векови на христијанството и со особено историско и духовно значење.
На покана Викарниот епископ г.Јаков, директорката г-ѓа Оливера Трајковска присуствуваше и на Меѓународниот фестивал за источно црковно пеење „Андон Шахпаски“, кој се одржа во Банско, Струмица, со учество на хорови од Македонија, Романија, Србија и Грција.
Фестивалот, кој годинава за првпат доби меѓународен карактер, го претстави богатството на византиското црковно пеење како значаен дел од православното духовно и културно наследство. На настанот присуствуваа и Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, митрополити и епископи на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, како и бројни почитувачи на духовната музика.
Фестивалот, во организација на НУЦК „Антон Панов“ и Струмичката епархија, со поддршка од Општина Струмица, претставува значаен придонес кон зачувувањето и афирмацијата на духовното и културното наследство, негувањето на православната традиција и унапредувањето на меѓународната духовна и културна соработка.