Директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, г-ѓа Оливера Трајковска, денеска присуствуваше во храмот „Свети Никола“ во славно Крушево на панихидата во спомен на македонските револуционери од Илиндеското востание.
Директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, г-ѓа Оливера Трајковска, денеска присуствуваше во храмот „Свети Никола“ во славно Крушево на панихидата во спомен на македонските револуционери од Илиндеското востание. Панихидата се отслужи во присуство на митрополитот Крушевско- демирхисарски г. Јован и свештенослужители од епархијата, а на истата присуствуваше и Претседателката на Републиката, Н.Е. Гордана Силјановска Давкова, како и претставници на државните институции.
Во рамки на празнувањето на 2 Август, директорката Трајковска положи и свежо цвеќе на Мечкин камен, каде присуствуваше на богатата културно- уметничката програма.
Македонци- браќа и сестри,
Нека ни е честит и вековит 2 Август, духовниот и државен роденден; денот кога Црквата со јазикот на старозаветните пророштва говори, а државата својата историја ја испишува.
Илинден - симбол на ревноста на пророкот Св. Илија проникнат во непокорот на македонскиот народ кој ја создава Крушевската Република и ја сведочи самобитноста со АСНОМ заклетва.
Спојот на духовното, револуционерното и државното е идентитетот на македонскиот народ, кој со крв ја испиша својата историја на оваа грутка - земја македонска.
Не парчосуваа, не парчосуваат, ќе продолжат да не парчосуваат, но нашиот долг татковински е - храбро да стоиме на браникот на својата земја!
Ќе ја браниме, со вера ќе ја сведочиме и нема да ја предадеме.
Бијте камбани, удирајте дамари во градите македонски, Македонија е жива!