Директорката на КОВЗРГ, г-ѓа Оливера Трајковска присуствуваше на одбележувањето на 25 годишнината од изборот и интронизацијата на г. г. Стефан за Архиепископ Охридски и Македонски
Биеја камбаните, словата проговорија, духот срцата ги исполни...
На 06.10.2024 година Македонската Православна Црква - Охридската Архиепископија го чествуваше 25 годишниот јубилеј на Архиепископот Охридски и Македонски и на Јустинијана Прва, г. г. Стефан.
Чествувањето на јубилејот започна со Божествената Литургија во соборниот храм " Св. Климент Охридски" на која присуствуваа нивните архиерејства, голем број свештеници и многуброен верен народ.
Дел од чествувањето беше и промоцијата на VI и VII том од "Слово за словата" од плодното творештво на архиепископот.
Во завршниот дел од прославата беше организиран официјален прием на гости во хотел „Мериот“.
Директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, г-ѓа Оливера Трајковска присуствуваше на прославата на јубилејот и во знак на длабока почит во свое име и во име на вработените на Архиепископот г. г. Стефан му подари уметничка слика од циклусот "Линии до небото" од Јовица Мијалковиќ.
{{#each Images}}
{{#if IsThumbNail}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#if ShowInGallery }}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}