Во рамки на манифестацијата „Македонија во чест на свети Кирил“ македонската државна и црковна делегација, која е во дводневна посета на Италија и Светиот престол, беше примена од страна на Светиот отец папата Франциск. Дел од делегацијата беше и Директорот на КОВЗРГ г-дин Даријан Сотировски.
Македонската државно-црковна делегација предводена од Претседателот на Републиката, Н.Е. г-ѓа Гордана Силјановска Давкова, која престојува во посета на Италијанската Република и Светата Столица, по повод манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“, денеска имаше аудиенција кај Поглаварот на Католичката црква, Неговата светост Папата Франциск.
Како дел од делегацијата на средбата присуствуваше и Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ) г-дин Даријан Сотировски.
По аудиенцијата кај Неговата Светост, Папата Франциск, Претседателката оствари средба со државниот секретар на Светата Столица, кардиналот Пјетро Паролин, на којашто била изразена цврста подготвеност за продолжување на конструктивната соработка во духот на меѓусебното разбирање и заедничките вредности.
{{#each Images}}
{{#if IsThumbNail}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#if ShowInGallery }}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}