Овој веб сајт користи колачиња "Cookies"

Би сакале да користиме веб колачиња "Cookies", со цел да го подобриме Вашето корисничко искуство на нашата апликација. Ова ни овозможува да го подобриме Вашето идно искуство на нашата апликација

KOVZ - Директор

Директор

М-Р ДАРИЈАН СОТИРОВСКИ,

ДИРЕКТОР НА КОМИСИЈАТА ЗА ОДНОСИ СО ВЕРСКИТЕ ЗАЕДНИЦИ И РЕЛИГИОЗНИ ГРУПИ 



БИОГРАФИЈА


Дипломирал на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Постдипломските студии ги продолжува на истиот факултет и се стекнува со звање магистер по право од областа на граѓанското право, а магистрира со среден успех 9.5, со одбрана на магистерската дисертација на тема: „Наталната политика и демографскиот развој во Република Македонија“. По завршувањето на постдипломските студии положува и правосуден испит.


Своето неформално образование го стекнува преку активно учество на повеќе семинари, обуки и конференции од областа на граѓанското право, мултикултурализмот, демократијата и сл. 


Успешно ја завршува Регионалната политичка академија за социјалдемократски партии во 2015 година во Сараево, Босна и Херцеговина, каде го издава и трудот на тема „Factorization of Youth Organizations“.


Член е на Претседателството на Основната организација на Сојузот на борци од НОБ, чии придобивки и вредности со особен пиетет ги афирмира.

 

Активен учесник во целокупното општествено одговорно живеење во градот Тетово и Полошкиот регион. 

 

Како правен советник дава значаен придонес во процесот на денационализација на црковниот недвижен имот во Тетово и тетовско.

 

По негово залагање веќе неколку години се обнови традицијата да се искажува почит кон ликот и делото на преродбеникот Кирил Пејчиновиќ, игумен на Лешочкиот манастир, на денот на неговиот помен, како во Тетово така и во с. Лешок.

 

Силно верува во перспективите за нашето општество кои ги отвараат мултиконфесионализмот и мултикултурализмот, доколку продуцираат меѓусебна доверба, соработка и компромис. 

 

Како директор на КОВЗРГ се залага за ново поглавје на односите меѓу државата и верските заедници, каде низ искрен пристап ќе се гради атмосфера на доверба и соработка меѓу конфесиите, зголемена грижа за потребите на верските заедници, заштита на секуларниот карактер на државата и унапредување на верските слободи и права на граѓаните.


КОНТАКТ: direktor@kovz.gov.mk и  sotirovskidarijan@gmail.com