ВЕРСКА ХРОНИКА: КАТОЛИЧКАТА ЦРКВА ВО СКОПЈЕ НИЗ ВРЕМЕТО
Познатата Католичка црква во Скопје во минатото се наоѓала во близина на денешната Спомен куќа на Мајка Тереза.
Верската хроника за црковниот живот во Скопје забележува дека првата католичка црква во Скопје се споменува во еден документ од 1550 година.
Денес Католичката црква денес има богато развиен верски живот, а денешната катедрала „Пресвето Срце Исусово“ се наоѓа во централното подрачје на Скопје.
Познатата Католичка црква во центарот на Скопје во минатото се наоѓала во близина на денешната Спомен куќа на Мајка Тереза, а била изградена во 19 век. Во неа постоела богата верска и духовна активност, за што сведочат спомените на Мајка Тереза, спомените на нејзините роднини и пријатели, како и бројните фотографии и документи.
Првата католичка црква во Скопје се споменува во еден документ од 20 јули 1550 година.
Денес Католичката црква има богато развиен верски живот, а денешната Катедрала „Пресвето Срце Исусово“ се наоѓа во централното подрачје на Скопје. Оваа црква претставува катедрален храм и седиште на Скопската бискупија при Католичката црква. Таа е центар на црковниот живот на Католичката црква.
Скопската катедрала во 2019 година беше посетена од Светиот отец папата Франциск.
Познатата Католичка црква во центарот на Скопје во минатото се наоѓала во близина на денешната Спомен куќа на Мајка Тереза, а била изградена во 19 век. Во неа постоела богата верска и духовна активност, за што сведочат спомените на Мајка Тереза, спомените на нејзините роднини и пријатели, како и бројните фотографии и документи.
Првата католичка црква во Скопје се споменува во еден документ од 20 јули 1550 година. На документот на кој е потпишан Иван М. Држиќ, се откриваат имињата на познати трговци католици во Скопје, пред се Дубровчани, и тоа: Влахо Антунов, Мато Петров, Антун Томов, Луј Алегрето. Трговците имале голем број помошници и слуги кои доаѓале од Дубровничката Република и се населувале во градот на Вардар.
Репутацијата на Скопје како трговски центар, ја стекнал бидејќи во него биле присутни голем број дубровнички трговци како биле посредници во размената на стоките помеѓу Исток и Запад, помеѓу Дубровник и Цариград. Документите кои во Скопје ги потпишувале Дубровчаните, откриваат многу други аспекти од верскиот живот на католиците. Католиците во Скопје успеале да се изборат за своите верски права, и кај султанот издејствувале соодветна дозвола слободно да ја исповедаат својата вера и да градат свои храмови.
Така, благодарение на оваа упорност, во 16 век била изградена католичка црква. Подоцна, изградени се и неколку други католички цркви, од кои позната е онаа од 19 век, која постоеше во центарот на градот, сè до скопскиот земјотрес од 1963 година. Наспроти Католичката црква бил лоциран Дом за чесни сестри. Тој објект бил и еден вид прифатилиште и преноќиште за католичките верници кои доаѓале во Скопје. Ги имало од сите страни, а најчести гости биле верниците од Јањево. Според сеќавањата на постарите, домот бил висок објект со коси покриви, голем двор и широки чардаци. Во задниот дел тој се граничел со куќата на гинекологот д-р Смиљаниќ, а од страната на денешната улица Македонија имало повеќе ниски дуќани и продавници, и тоа: модерниот салон на Шошол берберот, првата приватна цвеќарница, дуќанот за механика на Киро Стојанов и Перо Раѓеновиќ. Во продолжение, кај денешен „Краш“, се наоѓала познатата, сега подзаборавена слаткарница „Рајна“. Во куќата на чесните сестри за намерниците и гостите на црквата била подготвувана и храна, покрај тоа што им било обезбедено и преноќиште.
Во старата Католичка црква во 1921 година биле пренесени посмртните останки на францускиот генерал Едмонд Бушје кој бил потомок на Наполеоновиот генера, де Бел.
Денес Католичката црква има богато развиен верски живот, а денешната Катедрала „Пресвето Срце Исусово“ се наоѓа во централното подрачје на Скопје. Оваа црква претставува катедрален храм и седиште на Скопската бискупија при Католичката црква. Таа е центар на црковниот живот на Католичката црква, на чие чело стои Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх, монсињор д-р Киро Стојанов.
Изградбата на катедралата започнала во 1975 година и траела 7 години, до 1982. Бискуписки водител на изградбата бил монс. Антун Циримотиќ. Посебен впечаток во катедралата денес остава витражот, кој е претставен на 12 стаклени панели, дизајнирани со ликовите на 12-те апостоли. Во неа секојдневно се одржуваат богослуженија и свети тајни.
Скопската катедрала во 2019 година беше посетена од Светиот отец папата Франциск.