БАРАЊЕ за издавање на одобрение за престој на странски државјани за вршење на богослужба, молитва и други манифестации на верата

Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи согласно законските прописи за престој на странски државјани во Република Македонија и согласно одредбите од Законот за правна положба на црква, верска заедница и религиозна група, член 18 став 3, издава одобрениja на регистрирани цркви, верски заедници и религиозни групи за вршење на богослужба, молитва и други манифестации на верата. Барањето за издавање на одобрение заедно со останатите задолжителни документи се поднесуваат лично во просториите на Комисијата или по електронска пошта. Во случај на електронско аплицирање документите задолжително се скенираат во PDF формат и се испраќаат на електронската адреса на Комисијата. Одобрението се издава за лица кои прв пат престојуваат во Републиката или за продолжување на престојот.

Потребни документи:

доказ за уплатена административна такса (при електронско аплицирање се испраќа скенирана, а при подигнување на решението се доставува во оригинал

копија од патна исправа

договор за волонтирање

договор за закупнина на стан

доказ за завршено теолошко образование

програма на активности

Електронска адреса за апликација:

kovz@kovz.gov.mk

Задолжен службеник:

Сејдула Лимановски

Сејдула Лимановски

02/3226-777