Заменик Директор

ЗЕКО АБАЗИ,

ЗАМЕНИК ДИРЕКТОР НА КОМИСИЈАТА ЗА ОДНОСИ СО ВЕРСКИТЕ ЗАЕДНИЦИ И РЕЛИГИОЗНИ ГРУПИ





БИОГРАФИЈА


Зеко Абази е назначен на функцијата Заменик директор на КОВЗРГ во 2013 година.


Роден е во Сарај, Скопје каде што и живее. Основното образование го заврши во ОУ „Дитуриа“ во родното место Сарај. Неговата надградба ја продолжува во Гимназијата - „Зеф Љуш Марку“ во Скопје. Продолжува со вишо образование на Педагошкиот факултет во Скопје, отсек Историја-Географија. Се стекнува со звање Професор по географија на Тетовски Универзитет.


Својата работна кариера ја започнува како наставник во ОУ „Дитуриа“ – Сарај. Неговите организативни способности му овозможуваат да напредува во кариерата и да му се довери управувањето со ОУ „Дитуриа“ Сарај во својство на Директор, за да продолжи со функцијата Заменик директор на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи.


Покрај овие активности свој придонес дава и во збогатувањето на општествениот живот каде се појавува како еден од основачите и активен член на Кутлурното уметничко друштво „Дрита е дервенит“ во Сарај и на Фолклорниот фестивал „Сарај Фест“. Исто така е еден од идеализаторите за формирање на фудбалскиот клуб Сарај. Како член на џамискиот одбор, свој придонес дава и во една од најстарите џамии во Република Македонија „Хусеин Шах“ во Сарај.


Во своето делување секогаш се залага за промовирање на вредностите за мир, толеранција, хуманизам, меѓусебна доверба, уживање и унапредување на верските слободи и права на граѓаните во нашето мултиконфесионално и мултикултурно општество.


КОНТАКТ:  zam.direktor@kovz.gov.mk