Поднеси претставка

Правото на вероисповед е едно од најсензитивните сфери во нашето општество и често може да биде предмет на дискриминација. Според членот 4 од Законот за правна положба на црква, верска заедница и религиозна група, верската дискриминација не е дозволена, а верското убедување не го ослободува граѓанинот од обврските што како граѓанин ги има според Уставот, законите и другите прописи, освен ако тоа со закон или друг пропис поинаку не е уредено. Поднесувањето претставки е право загарантирано со Уставот на Република Македонија и позитивните законски прописи. Согласно член 24 од Уставот на Република Македонија: „Секој граѓанин има право да поднесува претставки до државните органи и другите јавни служби и на нив да добие одговор“. Според членот 3 од Законот за постапување по претставки и предлози: „подносител на претставка, односно предлог може да биде секое физичко или правно лице, и истиот не смее да биде повикан на одговорност, ниту да трпи какви било штетни последици поради поднесувањето на претставката, односно предлогот и изнесувањето на ставови и мислења, освен ако со тоа не е сторено кривично дело“. Доколку претставката е во рамките на надлежностите на Комисијата, таа постапува по неа, дури и во случаите кога нема законска обврска за постапување.

Најчести претставки до Комисијата и нивен одговор

Претставка во однос на изборот на предметот „Етика во религии“ во основно училиште

Претставка во однос на искажан говор на омраза на верска основа

Претставка во однос на гласните молитви во верските објекти

Претставка во однос на непочитување на начелото на секуларност

Друго

Вашите претставки испраќајте ги во сандачето за претставки поставено во Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи или на следната електронска адреса: kovz@kovz.gov.mk

Законскиот рок за одговор на Вашите претставки е 15 односно 30 дена од денот на приемот на истите.

Задолжен службеник:

Бесим Мемеди

Контакт телефон

02/3226-777