Постојан сервис



Поради сервисно задоволување на потребите на регистрираните цркви, верски заедници и религиозни групи, како и на граѓаните, во различни населени места, Комисијата преку својот постојан сервис, ќе се грижи за поквалитетно следење на состојбите во секоја единица на локална самоуправа, односно во секое населено место. Токму поради тоа извршено е реонизирање на општините, а за секоја општина е задолжен посебен административен службеник од Комисијата. Задолжениот службеник, покрај тоа што ќе ги следи состојбите во општината за која е одговорен, од особена важност е тоа дека и верските групи и граѓаните од таа општина ќе можат постојано да го контактираат во однос на прашања со кои истите се соочуваат, да споделат тековен проблем, како и да се трага по најсоодветните решенија за таквите прашања.


Доколку сакате да поднесете претставка, да споделите некој проблем или пофалба, да се информирате за најразлично прашање, или пак да добиете некоја информација -  одберете ја Вашата општина и контактирајте ги определените административни службеници.