Директорот на КОВЗРГ, г. Даријан Сотировски оствари билатерална средба со г-ѓа Лорета Ареко - Директорка на Државниот комитет за култови на Р. Албанија.
На ден 28. 10. 2019 година Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ), г. Даријан Сотировски во Корча оствари билатерална средба со директорката на Државниот комитет на култови г-ѓа Лорета Ареко, со што званично започна дводневна работна посета на Република Албанија.
На средбата се разговараше за продлабочување на соработката помеѓу двете држави во сферата на верските прашања, за размена на искуства и околу заштитата на културното наследство.
За време на средбата заеднички делегациите го посетија и Националниот музеј за средновековна уметност во Корча. Директорите разговараа и за мотивирањето на соработката на Балканско ниво помеѓу државите од регионот кои се одликуваат со висок степен на религиозност кај населението.
{{#each Images}}
{{#if IsThumbNail}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#if ShowInGallery }}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}