Би сакале да користиме веб колачиња "Cookies", со цел да го подобриме Вашето корисничко искуство на нашата апликација. Ова ни овозможува да го подобриме Вашето идно искуство на нашата апликација
Комисија за односи со верските заедници и религиозни групи
Традиционално и оваа година во рамки на манифестацијата „Македонија во чест на светиот Кирил“ беше отслужен Молебен во чест на светите рамноапостолни браќа Кирил и Методиј пред гробот на светиот Кирил во Рим
Петок / 24 Мај, 2024
Во рамки на манифестацијата „Македонија во чест на свети Кирил“ македонската државна и црковна делегација, која е во дводневна посета на Италија и Светиот престол, беше примена од страна на Светиот отец папата Франциск. Дел од делегацијата беше и Директорот на КОВЗРГ г-дин Даријан Сотировски.
Четврток / 23 Мај, 2024
Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ) ја информира јавноста дека годинава по 55 пат со пригодна програма ќе се одржи манифестацијата „Македонија во чест на светиот Кирил“ во Ватикан и Рим.
Среда / 22 Мај, 2024
Претседателката Сиљановска Давкова ја поздрави работата на Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи и придонесот во градењето на доверба и соработка меѓу верските заедници и религиозни групи, заштита на секуларниот карактер на државата и унапредување на верските слободи и права на граѓаните.
Велигденски прием во Македонската архиепископија
Недела / 05 Мај, 2024
Ватикан и Рим, 23-24 мај 2024 година
Понеделник / 27 Мај, 2024
На 24.05.2024 година, денот кога ги прославуваме македонските и сесловенски просветители светите солунски браќа Кирил и Методиј, во базиликата „Св. Климент Папа Римски“ во Рим, каде што почиваат светите мошти на светиот Кирил Солунски, во рамки на манифестацијата „Македонија во чест на светиот Кирил“ беше отслужен Молебен во чест на светите рамноапостолни браќа Кирил и Методиј, на којшто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Европски г. Пимен, протоерејот-ставрофор Никола Христоски, свештеникот Кирил Павлески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. На Молебенот присуствуваше делегацијата предводена од Претседателот на Македонија г-ѓа Гордана Силјаноска Давкова, како и многубројни гости. По завршувањето на Молебенот, Митрополитот Тимотеј се обрати со пригодна беседа.
Интервју со м-р Даријан Сотировски, Директор на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи. Интервјуто е објавено на новиот црковен портал Литургија.мк.
Среда / 06 Март, 2024
Постојан сервис
Поднеси претставка
Барање за престој
Mеѓуконф. соработка
Евиденција на верски заедници
Верска карта
Дијаспора
Newsletter
Работилница
Празници
Издаваштво
Признание
Ризница
Став и аналитика
Верски туризам
Контакт
News letter е нов проект на Комисијата. Доколку сакате во вашето сандаче за електронска пошта да примате вести од верската сфера од државата и странство, информации за активностите на Комисијата и други сродни институции од странство, се што треба да направите е да се зачлените преку впишување на Вашата e-mail адреса во полето, а со тоа Комисијата по електронски пат ќе Ви ги испраќа сите информации.