Евангелската црква во Македонија отвори нова црква во општина Аеродром. На моите пријатели пасторот Живко и неговата сопруга искрено им посакувам успех и плодна мисија.
На ден 31. 10. 2018 година, Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ), г. Даријан Сотировски присуствуваше на свеченото отварање на новиот храм на Евангелската црква во општина Аеродром.
По повод отворањето на храмот беше одржана пригодна манифестација на која се обратија претседателот на Евангелската црква пастор Мирче Андреев, пасторот Живко Барбутов, др. Коста Милков, директор на Балканскиот Институт за вера и култура, како и директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религозни групи г-дин Даријан Сотировски. Програмата беше збогатена и со изведба на повеќе композиции со верска содржина, како и сведоштва и цитати од светите книги.
Директорот Сотировски го нагласи задоволството што присуствува на радосниот настан, сподели свои размислувања за придонесот на ЕЦ во нашето мултиконфесионално општество, а ја истакна и својата поддршка за Евангелската црква и надлежниот пастор, посакувајќи понатамошни успеси со зборовите: Исполнете ги овие ѕидови со душа и направете ги црква.По повод отворањето на храмот беше одржана пригодна манифестација на која се обратија претседателот на Евангелската црква пастор Мирче Андреев, пасторот Живко Барбутов, др. Коста Милков, директор на Балканскиот Институт за вера и култура, како и директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религозни групи г-дин Даријан Сотировски. Програмата беше збогатена и со изведба на повеќе композиции со верска содржина, како и сведоштва и цитати од светите книги.
Директорот Сотировски го нагласи задоволството што присуствува на радосниот настан, сподели свои размислувања за придонесот на ЕЦ во нашето мултиконфесионално општество, а ја истакна и својата поддршка за Евангелската црква и надлежниот пастор, посакувајќи понатамошни успеси со зборовите: Исполнете ги овие ѕидови со душа и направете ги црква.
Почетоците на Евангелската црква во Македонија датираат од 1988 година. Денес, Евангелската црква во Р. Македонија има 36 црковни заедници во повеќе градови и села, меѓу кои: Скопје, Шуто Оризари, Волково, Сарај, Куманово, Кратово, Пробиштип, Карбинци, Кочани, Берово, Виница, Штип, Велес, Прилеп, Битола, Ваташа, Кавадарци, Гостивар и др. Има 13 пастори и околу 3. 000 следбеници. Во рамки на Евангелската црква регистрирана е хуманитарната група АГАПЕ.