Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи го одбележа 21 мај Светскиот ден на културната разноликост, дијалог и развој, прокламиран од Обединетите Нации. Предходно, по повод Светскиот ден од 13 до 20 мај се одржаа низа настани како дел од манифестацијата „Недела на заедничка молитва“.
Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ) со пригоден Свечен коктел го одбележа 21 мај Светскиот ден на културната разноликост, дијалог и развој, прокламиран од Обединетите Нации и УНЕСКО.
Предходно, во периодот од 13 мај до 21 мај - по повод Светскиот ден, во организација на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи со низа настани се реализира манифестацијата „Недела на заедничка молитва“.
На завршниот настан присуство зедоа Претседателот на Владата г. Зоран Заев, министри во Владата, претставници од државниот кор, претставници на државните институции и граѓанскиот сектор, како и претставници од црквите, верските заедници и религиозни групи.
Настанот го отвори директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, г. Даријан Сотировски, кој им посака добредојде на присутните, и нагласи дека оваа манифестација ги заокружува активностите реализирани во рамки на „Неделата на заедничка молитва“, реализирана од 13 – 21 мај со цел да се поттикне соработката и дијалогот меѓу верските заедници, за стабилен и одржлив процес на градење доверба, пријателство и општество на вистински човекови вредности, на соживот и напредок.
Пред присутните гости се обрати и премиерот Зоран Заев со порака дека културната разноличност е од корист за целото човештво.