Овој веб сајт користи колачиња "Cookies"

Би сакале да користиме веб колачиња "Cookies", со цел да го подобриме Вашето корисничко искуство на нашата апликација. Ова ни овозможува да го подобриме Вашето идно искуство на нашата апликација

KOVZ - Директор

Директор

ОЛИВЕРА ТРАЈКОВСКА

ДИРЕКТОР НА КОМИСИЈАТА ЗА ОДНОСИ СО ВЕРСКИТЕ ЗАЕДНИЦИ И РЕЛИГИОЗНИ ГРУПИ 



БИОГРАФИЈА


Оливера Трајковска дипломирала на Православниот Богословски факултет „Свети Климент Охридски“ во Скопје. Во моментов е на магистерски студии на психологија во социјалната заштита на Факултетот по психологија при Меѓународниот Славјански Универзитет.

Од областа на неформалното образование поседува сертификати за односи со јавност, социјални медиуми и социјално претприемништво кои се доказ за нејзиното долгогодишно ангажирање во граѓанскиот сектор. Била предавач на голем број работилници и обуки од национален и интернационален карактер, меѓу кои и лидерската академија во организација на ИСЛАА. Соработува со голем број на локални, национални и интернационални организации во кои била ангажирана на различен тип на ангажмани.

Основач е на здружението „Биди Своја“ кое се застапува за општествена одговорност во сите сфери на современото живеење и е препознатливо по низа проекти од областа на културата, образованието и социјалната заштита.

Член е на Друштвото на писатели од Куманово. Автор е на две двојазични книги „Од душата“ (македонско – руски превод) и „Вистина или лудост“ (македонско – англиски превод). Исто така, втората книга „Вистина или лудост“ има и своја аудио верзија која е поставена на страницата на Националниот Сојуз на слепи лица на Македонија, со цел да биде достапна и за оваа категорија на луѓе.

Соработувала со повеќе локални и национални медиуми: телевизија К3, Куманово; телевизија Канал 5; радио „Бум“, Куманово; портал „Бизнис Бар“, како и сопствената онлајн ПР агенција „Биди Своја“.

Посебен акцент во доменот на општественото живеење става преку ангажманот во две организации: фондацијата „Елеуса“ од Струмица и „Бадникови поворки“, со цел да даде придонес во хуманитарната и поучителната дејност.

Нејзиниот водечки слоган е: „Радиусот на кругот на добри дела се зголемува пропорционално со бројот на добри дела кои ги правиме“.

Се залага за здрава животна средина и уште од основно образование како член на еколошко друштво „Изгрев“е ангажирана на полето на екологијата и заштитата на животната средина за да тој ангажман резултира со низа иницијативи кои биле дел и од Национален акционен еколошки план.

Владата на Република Македонија ја именува за директор на Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи на 27.08.2024 година.

Како директор на Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи верува дека сите заеднички можеме да градиме подобро општество со почитување на меѓусебните разлики. Во таа насока се труди да биде поддржувач на основните морални човекови норми во кои ќе бидат застапени почитта, довербата и конструктивниот дијалог. Меѓукултурната и меѓурелигиската соработка се приоритет во нејзиниот сегашен ангажман и во тој контекст ќе се заложи за реализација на низа проекти од оваа област, медијација и квалитетно поврзување на државните органи и верските заедници и религиозните групи.


КОНТАКТ: direktor@kovz.gov.mk и oliveratrajkovska@gmail.com