Овој веб сајт користи колачиња "Cookies"

Би сакале да користиме веб колачиња "Cookies", со цел да го подобриме Вашето корисничко искуство на нашата апликација. Ова ни овозможува да го подобриме Вашето идно искуство на нашата апликација

KOVZ - Барање за престој

БАРАЊЕ за издавање на мислење за престој на странски државјанин за вршење верски работи

Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи согласно чл. 29 ст. 1 од Законот за организација и работа на органите на државна управа, а во врска со чл. 2 ст. 1 и чл. 18 ст. 3 од Законот за правна положба на црква, верска заедница и религиозна група како и чл. 6 ст. 1 од Законот за волонтерство, издава мислења на регистрирани цркви, верски заедници и религиозни групи за вршење на верски работи на странски државјани на територија на Р.С. Македонија, на нивно барање, а со цел водење на постапка за воспоставување и регулирање на легален престој во државата на странски државјанин за вршење на верски работи.

Барањето за издавање на мислење заедно со останатите задолжителни документи се поднесуваат лично во просториите на Комисијата или по електронска пошта. Во случај на електронско аплицирање документите задолжително се скенираат во PDF формат и се испраќаат на електронската адреса на Комисијата. Мислењето се издава за лица кои прв пат престојуваат во Републиката или за продолжување на престојот.

Потребни документи:

копија од патна исправа

договор за волонтирање

договор за закупнина на стан

доказ за завршено теолошко образование

програма на активности

пополнето барање

Електронска адреса за апликација:

kovz@kovz.gov.mk

Задолжен службеник:

Огнен Коцевски

Телефон:

02/3226-777