Директорот на КОВЗРГ г-дин Даријан Сотировски присуствуваше на чествувањето на христијанскиот празник Водици во Скопје
По повод одбележувањето на големиот христијански празник Богојавление Водици, директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ) г. Даријан Сотировски присуствуваше на Светата божествена литургија во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“ во Скопје, како и на Големиот водосвет и положувањето на светиот Крст во водите на реката Вардар, од страна на Архиепископот охридски и македонски г. г. Стефан.
Точно на пладне триесет учесници во духот на заедништвото држејќи се за рака дозволија еден од името на сите да го фати светиот Крст во осветените води на реката Вардар. КОВЗРГ на Горан Николовски му додели теракотна икона, која тој од име на сите учесници ќе ја донира во Соборниот храм во Скопје за добротворни цели.
Бог се јави!
{{#each Images}}
{{#if IsThumbNail}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#if ShowInGallery }}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}