Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ) г-дин Даријан Сотировски присуствуваше на Велигденската миса во Катедралата „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје
По повод празникот Воксресение Христово, Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх монс. Киро Стојанов, во сабота вечер, 8 април 2023 година служеше воскресна света Литургија во Катедралната црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје. Со бискупот Стојанов сослужуваа катедралниот парох патер Винко Маслаќ, деканот и директор на Македонски Каритас о. д-р Зоран И Стојанов, бискупскиот канцелар отец Марјан Ристов и катедралниот капеалн Марјан Бешлиќ.
Покрај верниот народ на светата Литургија присуствува претседателот Н. Е. Стево Пендаровски, градоначалничката на град Скопје г-ѓа Данела Арсовска, директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи г-дин Даријан Сотировски, и бројни луѓе од дипломатскиот кор и јавниот културен и општествен живот.
Велигденското бдение започна со благослов на огнот пред катедралата, и внесување на воскресната свеќата во катедралата.
На мисата присуствуваа голем број верници од Скопје и околните градови.
{{#each Images}}
{{#if IsThumbNail}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#if ShowInGallery }}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}