Директорот на КОВЗРГ г-дин Даријан Сотировски упати телеграма со сочуство до ЕЗРМ по повод смртта на поранешната претседателка на заедницата, г-ѓа Берта Романо-Николиќ, која беше долгогодишен претседател на ЕЗРМ
По повод смртта на поранешната претседателка на Еврејската заедница во Македонија г-ѓа Берта Романо-Николиќ, Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ) г-дин Даријан Сотировски упати телеграма со сочуство до ЕЗРМ, во која се вели:
Почитувани,
Дозволете од мое лично име, како и од името на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи да изразам искрено и длабоко сочуство по повод смртта на поранешниот претседател на Еврејската заедница во Република Македонија, г-ѓа Берта Романо-Николиќ.
Г-ѓа Берта Романо-Николиќ даде значаен придонес во зајакнувањето на единството на Еврејската заедница, во промоцијата на еврејската традиција и во сите полиња на мутиконфесионалниот живот во нашата земја. Нејзиното дело, секогаш отворен и искрен став ќе останат запаметени како вистински пример на човекољубие и почитување на другиот.
Нека почива во мир.
Директор
м-р Даријан Сотировски
{{#each Images}}
{{#if IsThumbNail}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#if ShowInGallery }}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}