Директорот на КОВЗРГ г. Даријан Сотировски упати телеграма со честитки до Поглаварот и членовите на САС на МПЦ-ОА, како и до свештенството, монаштвото и до сите верниците по повод празникот Велигден.
Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ) г. Даријан Сотировски упати телеграма со честитки до Архиепископот Охридски и Македонски и на Јустинијана Прва г. г. Стефан, до членовите на Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква - Охридска архиепископија, како и до свештенството, монаштвото, до верници од православна вероисповед и до сите христијани кои празнуваат по јулијанскиот календар, честитајќи им го празникот на Христовото воскресение - Велигден.
Ви го честитам најголемиот христијански празник Воскресението Христово - Велигден, со искрени желби за духовен мир и благосостојба кај секој еден православен верник во нашата татковина и ширум светот. Нека празничните денови ја разбудат човечноста и солидарноста меѓу граѓаните.
Сведочејќи како секојдневно ширум светот се распнува и страда христијанството, ни останува и на овој светол ден во мир и молитва да се надеваме на силата на Воскресението, за кое Св. Јован Златоуст рекол „Преку Воскресението Христово се надминати сите човекови проблеми“.
Христос воскресна!
{{#each Images}}
{{#if IsThumbNail}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#if ShowInGallery }}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}