Директорот на КОВЗРГ г. Даријан Сотировски упати телеграма со честитки до Поглаварот и членовите на САС на МПЦ-ОА, како и до свештенството, монаштвото и до сите верниците по повод празникот Успение на Превета Богородица - Голема Богородица.
Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ) г. Даријан Сотировски упати телеграма со честитки до Архиепископот Охридски и Македонски и на Јустинијана Прва г. г. Стефан, до членовите на Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква - Охридска архиепископија, како и до свештенството, монаштвото и до верници од православна вероисповед, честитајќи им го празникот Успение на Пресвета Богородица - Голема Богородица.
Дозволете од името на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи и од мое име лично Вам и на сите православни верници да Ви го честитам големиот православен празник Успението на Пресвета Богородица.
Овие празнични денови храмовите на нашата света црква ќе се наполнат со верен народ дојден на срдечни молитви кон Пресвета Богородица. Ова се моменти на духовна радост и братољубие. Да си посакаме и да се помолиме да имаме вакви добродетели целата година.
{{#each Images}}
{{#if IsThumbNail}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#if ShowInGallery }}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}