Директорот на КОВЗРГ, г-дин Даријан Сотировски упати телеграма со честитки по повод црковно-државниот празник Свети Кирил и Методиј и Денот на сесловенската писменост.
Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ) г-дин Даријан Сотировски упати телеграма со честитки до Архиепископот Охридски и Македонски и на Јустинијана Прва г. г. Стефан, до членовите на Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква - Охридска архиепископија, како и до свештенството, монаштвото, до верници од православна вероисповед и до сите граѓани, честитајќи им го празникот на Светите Кирил и Методиј и Денот на сесловенската писменост.
Делото на светите солунски браќа Кирил и Методиј во вечноста одекнува како рамноапостолно и свето дело на македонските сесловенски просветители кои ги издигаат словенските народи, давајќи им писменост и проповед на христијанството.
Како православен македонски народ, денес чувствувајќи радост, да размислуваме за големината на делото со кои не задолжија Светите Кирил и Методиј, па обединувајќи се во верата и вистинските добродетели да ја искажуваме нашата искрена благодарност.
Дозволете да Ви го честитам празникот посветен на Светите Кирил и Методиј и Денот на сесловенската писменост.
{{#each Images}}
{{#if IsThumbNail}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#if ShowInGallery }}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}