Директорот на КОВЗРГ г. Даријан Сотировски упати телеграма со честитки до свештенството и верниците на Католичката црква по повод празникот на Христовото воскресение - Велигден.
Директорот на КОВЗРГ г. Даријан Сотировски упати телеграма со честитки до Бискупот Скопски и Епарх Струмичко-Скопски Мон. Д-р Киро Стојанов, свештенството и монаштвото на Католичката црква во Македонија, како и до граѓаните од католичка вероисповед и до сите христијани кои празнуваат по грегоријанскиот календар, честитајќи им го празникот на Христовото воскресение - Велигден.
Живееме тешки денови, период во кои животот на луѓето е во сериозна опасност насекаде во светот. Сочувствувајќи со заболените и семејствата на жртвите, Ви упатувам и благодарност за принесените молитвите за спас на светот од смртоносниот вирус.
Христовото Воскресение кое го очекуваме е потребната светлина која ни недостасува во овој мрачен период. Тоа е раката за спас на човекот, тоа е изворот на животот и она кое на животот му дава смисла.
Испраќајќи Ви искрени честитки по повод големиот празник од името на сите македонски граѓани, се потсетувам на зборовите полни со надеж и охрабрување на Св. Папа Јован Павле II кој вели: „Не се впуштајте себеси во очај. Ние сме Велигденски луѓе и алелуја е нашата песна“ .
Христос воскресна!
{{#each Images}}
{{#if IsThumbNail}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#if ShowInGallery }}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}