Директорот на КОВЗРГ г-дин Даријан Сотировски упати телеграма со честитки до Поглаварот на Исламската верска заедница Реис ул Улема хаџи хфз. Шаќир ефенди Фетаи, до членовите на Ријасетот, до Муфтиствата и до сите верниците од исламска вероисповед по повод празникот Курбан Бајрам.
Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ) г-дин Даријан Сотировски упати телеграма со честитки до Поглаварот на Исламската верска заедница Реис ул Улема хаџи хфз. Шаќир ефенди Фетаи, до членовите на Ријасетот, до Муфтиствата и до сите верниците од исламска вероисповед, честитајќи им го празникот Курбан Бајрам.
Почитуван Реисул Улема х. хфз. Шаќир, ефенди Фетаи,
Дозволете ми Вам лично и на членовите на Ријасетот, муфтиите, имамите и на сите верници од муслиманска вероисповед, да Ви упатам срдечни честитки по повод големиот празник Курбан Бајрам.
Нека овој празник кој е познат како празник на жртвата, која се принесува за доброто на верата и за корист на луѓето онака како што учи исламот, ни биде потсетник секојдневно и на потребната лична жртва за соодветен придонес општеството вистински да ги вреднува моралните и човечките вредности, кои се темелат на толеранција, љубов и грижа за идните генерации.
Ви посакувам овој Курбан Бајрам да го поминете во вистинска среќа, здравје и спокој, споделувајќи ја оваа возвишена радост со Вашите ближни во највредното опкружување на семејството.