Директорот на КОВЗРГ г-дин Даријан Сотировски испрати телеграма со благодарност до г-ѓа Берта Романо Николиќ за целокупниот нејзин придонес и соработка со КОВЗРГ за време на нејзиниот мандат како претседател на ЕЗРМ
Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ) г. Даријан Сотировски упати телеграма со благодарност до г-ѓа Берта Романо Николиќ за целокупниот нејзин придонес и соработка со КОВЗРГ за време на нејзиниот мандат како претседател на ЕЗРМ.
ТЕЛЕГРАМА
Со оглед на завршувањето на Вашата посветена и долгогодишна служба како претседател на Еврејската заедница во Република Македонија, дозволете да истакнам дека Вие оставивте траен белег во меѓуверскиот живот и дијалог во Македонија, силно поддржувајќи ги сите напори за прогрес и меѓучовечка отвореност, надминување на стереотипите и предрасудите, вградувајќи ги своите лични морални и етички вредности во застапувањето на барањата и целите на Вашата заедница.
Како директор на македонската државна Комисија за односи со верските заедници и религиозни групи од името на институцијата и од свое лично име сакам да ја изразам благодарноста за Вашиот придонес, ангажман и соработка.
Ви посакувам одлично здравје!
{{#each Images}}
{{#if IsThumbNail}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#if ShowInGallery }}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}