Директорот на КОВЗРГ г. Даријан Сотировски упати телеграма со честитки до свештенството и верниците на Католичката црква по повод празникот на Христовото воскресение - Велигден.
Директорот на КОВЗРГ г. Даријан Сотировски упати телеграма со честитки до Бискупот Скопски и Епарх Струмичко-Скопски Мон. Д-р Киро Стојанов, свештенството и монаштвото на Католичката црква во Македонија, како и до граѓаните од католичка вероисповед и до сите христијани кои празнуваат по грегоријанскиот календар, честитајќи им го празникот на Христовото воскресение - Велигден.
Дозволете ми од мое лично име и од името на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи да Ви испратам срдечни честитки по повод најголемиот христијански празник Христовото Воскресение – Велигден.
Милиони луѓе во светот денес ги изговараат зборовите „Христос воскресе“, радувајќи се на овој голем празник. Христовото Воскресение е симбол на победата на доброто, на позитивните вредности, љубовта, мирот и испружената рака кон човекот. Изградбата на мирот во општеството не е можна без верата во овие вредности. Посакувам Вашите срца да бидат исполнети со оваа голема љубов и духовен мир.
Во пресрет на скорешната посета на Папата Франциск на Балканот и во нашата држава да се потсетиме на неговата порака на 52-от Светски ден на мирот: „Добрата политика е во служба на мирот“. Доследното почитување на секоја личност и градење на политика за доброто на сите, ќе овозможи вистинска благосостојба во нашата мила Татковина и насекаде во светот.
Честит празник,
ХРИСТОС ВОСКРЕСНА
{{#each Images}}
{{#if IsThumbNail}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#if ShowInGallery }}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}