Директорот на КОВЗРГ, г-дин Даријан Сотировски присуствуваше на Свечената прослава во Лешочкиот манастир по повод одбележувањето на овогодинешните големи јубилеи.
Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ), г-дин Даријан Сотировски, на ден 21. 06. 2021 година, на вториот ден од празникот Духовден, присуствуваше на Свечената прослава во Лешочкиот манастир по повод одбележувањето на големите јубилеи: 700 години од обновувањето на Стариот манастир во Лешок и 250 години од раѓањето на просветителот Кирил Тетоец, игумен Лешочки, кои оваа година торжествено ги чествува Тетовско-гостиварската епархија.
Прославата започна со Светата божествена литургија со која чиноначалствуваше надлежниот епархиски архиереј, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф во сослужение на Митрополитот Европски г. Пимен и викарниот Епископ Стобиски г. Јаков.
По Литургијата на вечното почивалиште на јеромонахот Кирил, игуменот Лешочки беше отслужен помен.
На Лешочката обител и посакуваме уште поголеми јубилеи и чествувања во иднина!
{{#each Images}}
{{#if IsThumbNail}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#if ShowInGallery }}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}