На поменот присуствуваше Директорот на КОВЗРГ г-дин Даријан Сотировски.
Денес кога се навршуваат 40 години од упокојувањето на Архиепископот охридски и македонски Доситеј во црквата „Св. вмч. Димитриј Солунски“ во Скопје, каде што е неговото вечно почивалиште беше отслужен помен на кој чиноначалствуваше Архиепископот охридски и македонски и на Јустинијана Прва г. г. Стефан во сослужение на Митрополитот Повардарски г. Агатангел и Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, како и на повеќемина свештеници од МПЦ-ОА.
На поменот присуствуваа директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи Даријан Сотировски и деканот на Православниот факултет „Свети Климент Охридски“ проф. д-р Ѓоко Ѓорѓевски.
Во пригодна беседа Архиепископот г. г. Стефан се осврна на важноста на делото на Архиепископот Доситеј, кој е возобновител на Охридската архиепископија, обединител на македонскиот народ во татковината и ширум светот, човек кој успеал многугенерациската тага на нашиот народ да ја претвори во духовна радост преку автокефалијата на нашата Помесна црква.
{{#each Images}}
{{#if IsThumbNail}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#if ShowInGallery }}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}