Директорот на КОВЗРГ г-дин Даријан Сотировски зеде учество на планинарско-рекреативната акција „Милениумска патека“, којашто годинава по четврти пат се одржува на падините на Сува Гора.
Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ) г-дин Даријан Сотировски, на ден 07. 11. 2021 година зеде учество на планинарско-рекреативната акција „Милениумска патека“, којашто годинава по четврти пат се одржува на падините на Сува Гора во организација на планинарскиот клуб „Јелак “, а во соработка со Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи (КОВЗРГ) и Македонската православна црква - Охридска архиепископија (МПЦ-ОА).
Оваа рекреативна планинска тура за прв пат беше одржана 2018 година по повод јубилејот „1000 години Охридска архиепископија“.
Патеката е поставена истата година во рамките на низата настани по повод чествувањето на еден милениум постоење на Охридската архиепископија. Истата тргнува од с. Блаце, и завршува во с. Волковија. Акцијата спаѓа во лесни планинарско-рекреативни тури и традиционално се одржува секоја година.
{{#each Images}}
{{#if IsThumbNail}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#if ShowInGallery }}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}