Директорот на КОВЗРГ г-дин Даријан Сотировски присуствуваше на осветувањето на македонската црква „Света Злата Мегленска“ во Загреб, Р. Хрватска.
Директорот на КОВЗРГ г-дин Даријан Сотировски присуствуваше на ден 21. 05. 2023 година на осветувањето на новоизградениот храм „Света Злата Мегленска“ во Загреб, Р. Хрватска.
Чинот на осветувањето го изврши Поглаварот на Македонската православна црква - Охридска архиепископија (МПЦ-ОА), Неговото блаженство Архиепископот охридски и македонски г. Стефан во сослужение на Неговата светост, Српскиот патријарх г. г. Порфириј, а во сослужение на надлежниот епархиски архиереј, Митрополитот европски г. Пимен, на Митрополитот тетовско-гостиварски г. Јосиф и на преосветените Епископи: пакрачко-славонски г. Јован и буеносајрески и јужно-централно амерички г. Кирил, администратор на Загребачко-љубљанската митрополија, како и на многубројно свештенство и монаштво.
По осветувањето се отслужи и првата Света литургија во храмот, кој беше исполнет од верниот народ.
{{#each Images}}
{{#if IsThumbNail}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#if ShowInGallery }}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}