ЗАПОЗНАВАЊЕ СО РЕГИСТРИРАНИТЕ ВЕРСКИ ЗАЕДНИЦИ: ЕВАНГЕЛСКА ЦРКВА
Евангелизмот или евангелското протестанство за прв пат во светот се појавува во Велика Британија, каде што било основано околу 1730 година.
После појавата во Англија, евангелизмот мошне брзо во текот на 18 век и 19 век се здобил со голема популарност во САД.
Почетоците на Евангелската црква во Македонија датираат од крајот на 80-тите години на минатиот век.
Евангелизмот или евангелското протестанство за прв пат во светот се појавува во Велика Британија, каде што било основано околу 1730 година. Различни теолошки струи допринеле за негово основање, но пред сè како најзалужен за појавата се издвојува Џон Весли. Самото името на црквата укажува на тоа дека нагласок првенствено се става на Евангелието на Господ Исус Христос. После појавата во Англија, евангелизмот мошне брзо во текот на 18 век и 19 век се здобил со голема популарност во САД. Со текот на времето значително се проширил и се основале евангелски цркви во многу земји ширум светот. Денес во светот бројот на евангелистите изнесува повеќе од 600 милиони луѓе. Почетоците на Евангелската црква во Република Македонија датираат од крајот на 80-тите години на минатиот век. Денес во рамките на социјалната дејност на Евангелската црква дејствува и Хуманитарната организација „АГАПЕ“.
Учење
Евангелизмот или евангелското протестанство за прв пат во светот се појавува во Велика Британија, каде што било основано околу 1730 година. Различни теолошки струи допринеле за негово основање, но пред сè како најзалужен за појавата се издвојува Џон Весли.
Самото името на црквата укажува на тоа дека нагласок првенствено се става на Евангелието на Господ Исус Христос. Верниците на Евангелска црква се луѓе од различни етнички и културни групи, кои доброволно се одлучиле да го следат Исус Христос и стекнат свое лично искуство и заедништво со Него.
Во нивните црковните објекти, освен крст како симбол на христијанството нема икони, фрески, ниту кипови. Најчесто по ѕидовите може да се најдат испишани стихови од Светото Писмо. Евангелистите имаат повеќе видови на собирања. Молитвата како личната така и заедничката е важен елемент за нив. Таа е пристутна на секое собирање. Богослужбите се динамични и живи и во себе вклучуваат повеќе елементи: молитви, пеење, проповед, библиска поука. За време на богослуженијата го слават Бога преку пеење на духовни христијански песни. Некои од песните се од историски и конзервативно-црковен карактер, а повеќето се во модерна поп и госпел изведба, придружени со изведба на современ јазик придружени со музички инструменти.
Покрај богослуженијата, низ евангелските цркви се одржуваат и поуки за деца, т.н. неделно училиште, богослужба за младите, посебно за тинејџерите, редовни студентски богослужби, богослужби за жените и богослужби за возрасни мажи. Повремено се одржуваат семинари, евангелизации, библиски курсеви, конференции итн. Најчесто во летниот период одржуваат кампови за возрасни, за деца и млади, како и студенстки кампови.
Водачот на Евангелската црква се нарекува пастор, а покрај него во зависност од примарната дејност, која ја обавуваат старешините во нивните редови има и библиски учител, проповедник, евагелизатор и ѓакон. Имаат и младински пастор, тинејџерски пастор, учител во неделно училиште и други.
Евангелистите ја празнуваат секоја недела како Ден Господов. Потоа од празниците ги празнуваат: Божик и Велигден. Празник на Црквата им е Пентекост – педесеттиот ден од Воскресението. Покрај тие празници го одбележуваат и 31 октомври – Денот на Реформацијата. Главни сакраменти се: Господовата Вечера и Воденото крштевање. Секоја прва недела од месецот одржуваат Господова Вечера-Причест. Венчавањето при склопување на секој брак го сметаат за доста важно. Ставаат голем нагласок на бракот како најважна Божја институција. Извршуваат и погреби. Внимание посветуваат и на ракополагањето на нови служители. Извршуваат и молитва за новороденчиња.
Во светот
После појавата во Англија, евангелизмот мошне брзо во текот на 18 век и 19 век се здобил со голема популарност во САД. Со текот на времето значително се проширил и се основале евангелски цркви во многу земји ширум светот. Денес во светот бројот на евангелистите изнесува повеќе од 600 милиони луѓе.
Кај нас
Почетоците на Евангелската црква во Република Македонија датираат од крајот на 80-тите години на минатиот век. Започнале како мало заедништво кое се собирало во приватна куќа во Скопје и е организирано од брачна двојка од Нови Сад, Србија. Наскоро се обединува со друго такво заедништво кое започнува во Штип. Во тоа време се регистрирале во Македонија и делувале во рамките на ,,Христова Пентекостна Црква во СФРЈ“, со седиште во Осијек, Хрватска. Со осамостојувањето на Македонија се пререгистрирале под ново име: ,,Евангелска црква во Република Македонија“. Денес во Македонија има 35 евангелски цркви и тоа во: Скопје (Шуто Оризари, Аеродром, Центар, Сарај, Волково), Куманово, Битола, Кратово, Кочани, Пробиштип, Штип, Берово, Виница, Прилеп, Неготино, Кавадарци, и на други места.
Евангелска Црква во Република Македонија е полноправен член на ВАГФ (WAGF –World Assembly of God Fellowships). Исто така таа е и полноправен член на ПЕФ (PEF- Pentecostal European Fellowship) и повеќе други членства.
Кадрите во Евангелските цркви во Македонија се во најголем дел со високо теолошко образование. Во Македонија има Евангелски теолошки институт, кој се наоѓа во Куманово. Поголем дел од пасторите своето обрзование го стекнале во странство. На чело на Евангелската црква во Македонија е пасторот Петре Петров.
Главна богослужба е неделната богослужба. Во сите цркви исто така се одржуваат и служби за библиски поуки за сите верни во текот на останатите денови од седмицата. Преку својата издавачка и социјална дејност, Евангелската црква делува на повеќе општествени полиња.
Занимливости
Во рамките на социјалната дејност на Евангелската црква дејствува и Хуманитарната организација „АГАПЕ“. Вредно е да се нагласи дека покрај други видови на дејности „АГАПЕ“ честопати организира бесплатни курсеви за англиски јазик, за компјутери, курсеви од областа на медицината и сл. Исто така Евангелската црква од Македонија има развиена мисионерска дејност. Скоро секоја година, пасторите Живко Барбутов и Филип Иванов мисионерат во Уганда (Африка), каде покрај служењето во црквите и проповедањето, тие ја помагаат и работата на тамошното сиропиталиште и училиште.