Овој веб сајт користи колачиња "Cookies"

Би сакале да користиме веб колачиња "Cookies", со цел да го подобриме Вашето корисничко искуство на нашата апликација. Ова ни овозможува да го подобриме Вашето идно искуство на нашата апликација

KOVZ - Ризница

Ризница

Ризница е најнов проект на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ) за промоција на македонската религиозната уметност од минатото и денешницата, на широкиот спектар културни вредности и посебности кои христијанството, исламот и јудаизмот ги вткајале во нашето мултиконфесионално општество, на религиозната кујна од овие простори, на мноштвото древни рецептури за Велигденски јадења, или подготовка на вкусна Бајрамска баклава, традиционалните сефардски еврејски јадења, како и на манастирските ракоделија и производи, кои се произведуваат во нашите манастири.

Во рамки на овој проект етапно ќе ја известиме јавноста и ќе изнесеме податоци кои се осврнуваат на различни аспекти на нашата богата културна ризница инспирирана и создадена од религијата како милениумски застапена константа кај нашиот човек. Македонската приказна е импресивна онолку колку што восхитува нашата автентична ризница.

Следете нè и читајте нè!

Религиска уметност

Религиска кујна

Манастирски ракоделија