Свечена академија по повод „80 години од формирањето на Верското поверенство при Главниот штаб на Народноослободителната војска и Партизанските одреди на Македонија (1943-2023)“ во организација на КОВЗРГ ќе се одржи на 26. 10. 2023 година во Музејот на Македонската борба со почеток во 11:00 часот.
Во организација на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ) во четврток, на 26. 10. 2023 година ќе се одржи Свечена акедемија по повод „80 години од формирањето на Верското поверенство при Главниот штаб на Народноослободителната војска и Партизанските одреди на Македонија (1943-2023)“.
Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ) како државна институција со организирањето на оваа Свечена академија ќе се потсети на своите најрани почетоци, кои ги има уште пред ослободувањето за времето на Втората Светска војна кога најпрво се јавува како Верско поверенство при Главниот штаб на Народноослободителната војска и Партизанските одреди на Македонија, истовремено сеќавајќи се на сите родољубиви дејци и оддавајќи почит на нивните историски одлуки.
Верското поверенство е формирано со наредба на командантот на Главниот штаб, генералот Михајло Апостолски во с. Црвена Вода, Дебарца на 11. 10. 1943 година, а за прв верски референт бил назначен Вељо Манчевски. Наредбите на Верското поверенство се однесувале на верските работи, кои административно требало да се прилагодат на општите воени состојби.
Свечената академија ќе се одржи во Музејот на Македонската борба во Скопје, со почеток во 11 часот.
{{#each Images}}
{{#if IsThumbNail}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#if ShowInGallery }}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}