Директорот на КОВЗРГ г. Даријан Сотировски упати телеграма со честитки до Поглаварот на Исламската верска заедница Реис ул Улема хаџи Сулејман ефенди Реџепи, до членовите на Ријасетот, до Муфтиствата и до сите верниците од исламска вероисповед по повод празникот Рамазан Бајрам.
Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ) г. Даријан Сотировски упати телеграма со честитки до Поглаварот на Исламската верска заедница Реис ул Улема хаџи Сулејман ефенди Реџепи, до членовите на Ријасетот, до Муфтиствата и до сите верниците од исламска вероисповед по повод празникот Рамазан Бајрам, честитајќи им го празникот Рамазан Бајрам.
Месецот Рамазан согласно учењето на исламот е период на духовно и телесно чистење, на добри дела, време во кое јакне заедништвото, семејството и солидарноста. Годинава месецот Рамазан муслиманите го минуваат на невообичаен начин, поради мерките за заштита од вирусот кој се наметна како голем предизвик за целото човештво и човекова цивилизација.
Денес кога завршува светиот месец Рамазан, Ви го честитам срдечно највозвишениот ден од исламскиот календар, празникот Рамазан Бајрам, посакувајќи празнична радост во сите муслимански семејства.
{{#each Images}}
{{#if IsThumbNail}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#hasElements Images}}
{{#each Images}}
{{#if ShowInGallery }}
{{{dataImg this params="?width=886"}}}
{{/if}}
{{/each}}
{{#each Images}}
{{#showInline ShowInGallery IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="?width=200&height=100"}}}
{{/showInline}}
{{/each}}
{{/hasElements}}